Денеска е голем празник: Ако го направите ова ќе ве следи несреќа!

Денеска е Свети Сава, а со овој празник се поврзани многу нешта. Еве што треба, и што никако не смеете да правите на овој ден.

Кај народот постои верување дека денеска не смее да се носи ништо црвено. Исто така, денеска не треба да се острат ножеви или било кој друг ваков алат од домќинството, бидејќи тоа ќе донесе несреќа. Се верува и дека ако на овој ден грми, цела години ќе биде несреќна, бидејќи и онака грмежите се ретка појава во зима. 

Денеска смее да се работи и препорачливо е да се направи нешто во домот.

Инаку, Свети Сава бил првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

 
 
27.01.2016 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега