Неверојатни температури на крајот од јануари - какво ќе биде времето во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне по котлините маглата ќе слабее. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, повеќе изразен во југозападниот дел. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје претпладне маглата ќе слабее, попладне сончево и малку потопло со слаб ветер од северозападен правец. 

 

И утре по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот како и во текот на следната работна седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.

 
 
28.01.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега