Нова трагедија на скопските улици - во сообраќајка загина едно лице


Вчера во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.

27.09.2024 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега