Бесплатна СОС линија за жени жртви на семејно насилство

 

Жртвите на родово базирано и семејно насилство можат да побараат помош на бесплатна СОС линија, што овозможува помош во состојба кога насилството е акутно, поддршка за справување, надминување и излегување од состојбата на жртва, како и придружување и поврзување со институциите надлежни за решавање на проблемот со семејното насилство.

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) информира дека за таа цел во функција 24 часа/365 дена во годината е бесплатната национална СОС мобилна линија на броевите 070 141 700; 075 141 700 и 077 141 700.

Во соопштението НСРР наведува дека организацијата повеќе од 20 години работи на проблемот со насилството врз жените и семејното насилство, дава помош и поддршка на жени кои се соочуваат со овој проблем.

Организацијата располага со долгогодишно искуство во директна работа со жртвите, екипирани и искусни тимови на операторки, обезбедено бесплатно јавување на оние кои имаат потребе од помош, а се во интерес на жените жртви и надминување на проблемот со семејното насилство

 
 
28.01.2016 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега