Комплетно ќе се реновира НУБ „Св. Климент Охридски“

 

Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе биде комплетно реновирана, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Станува збор за проект со кој се реализира сеопфатна реконструкција и адаптација на просторот на НУК „ Св. Климент Охридски“ која има фундаментално државно значење и како институција.

-Националната универзитетска библиотека има огромна задача да го собира обработува, штити и чува македонското културно наследство за идните генерации но има и огромна употребна вредност особено за младите па оттука  излегува одлуката целосно да се  реконструира особено читалните, подвлече Груевски.

Зградата е функционална од 1972 година и повеќе од 30 години врз објектот не се извршени темелни зафати.

-Реконструкцијата ќе опфати целосна поправка на кровот и внатрешно комплетно и темелно реновирање на читалните, како и  реконструкција на работните простории, обновување на инвентарот поправка и замена на стакла и слични зафати. Со реконструкцијата ќе се овозможи подобри услови на сите корисници на библиотеката, појасни Груевски.

Реконструкцијата ќе започне во 2017 година и ќе ја реализира Министерството за култура кое започнува со подготвителни активности за реализација и подготовка на проектот.

 
 
28.01.2016 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега