Скандал во македонската црква во Австралија: Владиката Петар се степал со верник (ВИДЕО)

 

Вчера во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, Австралија, владиката Петар со турканици и викање го избркал верникот Никола Ставрески, сопственик на порталот Фаланга.

–Тргни се Јудо, му порача Петар на Ставрески, кој целиот конфликт го сними со камера.

Ова е само еден од многуте скандали во кои е вмешан владиката Петар.

Тој неодамна се обиде да го расчини игуменот Гаврил во Австралиско-новозеландската епархија, на што се спротивстави струмичкиот митрополит Наум со повлекување на одлуката за канонскиот отпуст на отец Гаврил.

Владиката Тимотеј веќе одамна е на страната на Македонската заедница во Австралија која е во децениски конфликт со Петар.

 
 
28.01.2016 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега