Македонија на листа на тур-оператори од Словенија

 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за прв пат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (Natour Alpe Adria) кој се одржува од 27 до 30 јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат.

- Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Амбасадорот на Македонија во Словенија Томи Димитровски, изразувајќи задоволство од повторното учество на земјава на саемот по пауза од неколку години, истакна дека Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот и каде што најголем интерес се забележува за алтернативниот туризам како и врвните кулинарски и вински потенцијали.

Истакнати имиња од туристичката индустрија на Словенија како Leja tours, Jazon, Elephant Travel и Fly Fly Travel, но и националните организации на Република Српска и Република Србија остварија состанок со делагацијата на Македонија со цел да го истражат интересот и дознаат за потенцијалите на нашата земја.

Планинарското друштво Драмље од Словенија иницираше соработка со македонските планинарски друштва со кои планира заедно да го претстави Балканот нудејќи кружни тури на кинеските и руските туристи.

Саемот за туризам во Словенија обедини 30 земји и околу 300 излагачи кои ја промовираат својата туристичка понуда пред повеќе од 1.500 посетители.

 
 
28.01.2016 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега