Ексклузивно: Сопругот на техничката министерка Фросина Ременски повеќе не е советник во кабинетот на Директорот на УБК

 

Управниот суд ги стави вон сила сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Иливер Спасовски. Судот практично ја прифати тужбата на заменикот министер Митко Чавков и изрече времена мерка со која тие се ништовни се до донесувањето на конечната пресуда.

5 од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски незаконски си назначи нови началници.

Истот важи и за разрешениот Началник на Одделението за полиција во Охрид каде Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска постапка.

Освен началничките, Управниот суд со времена мерка ги стави вон сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица, партиски кадри на СДСМ. Некои од нив од страна на Спасовски, незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на Министерството. Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски кој од инспектор во ПС Гази Баба пред Нова година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на Директорот на УБК. Подеднакво скандалозно беше унапредувањето на неколку нивоа на вработен во МВР кој со првостепена пресуда беше осуден на неколкугодишна казан затвор за случајот Шпиун.

 

 

 

 
 
28.01.2016 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега