Заев манипулира, бројките покажуваат дека Гази Баба е лидер во легализација

Лидерот на СДСМ не ја говори вистината кога ќе излезе на терен меѓу граѓани.

Тој манипулира со податоци, но официјални и точни резултати секогаш го негираат Заев.

По средбата со група граѓани од општина Гази Баба, Заев преку партиско соопштение вели дека во населбата Камник во општината Гази Баба, граѓаните не можат да си ги легализираат куќите.

Според број на решени предмети, Гази Баба е меѓу лидерите во Република Македонија, односно се втори со близу 6000 легализирани објекти. Пред Гази Баба е само општина Прилеп, каде се легализирани најголем број на дивоградби.

Ова се официјални резултати од истражувањето кое го правеше народниот правобранител. Овие резултати покажуваат дека Заев не ја говори вистината.

За споредба, Заев како струмички градоначалник вели дека тој ги решавал овие проблеми во Струмица, а официјално во неговиот град има решено само 1800 предмети.

 
 
28.01.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега