Чилиманов: СДСМ не сака дерегулација, сака контрола на медиумите

 

Владата сега не се рекламира, а гледаме дека медиумите не се противат да се укинат тие пари. Гледаме дека ниеден од медиумите не се противи на владините реклами. Ако се оди на скалесто делење на владините пари, тогаш треба и значителните милионски фондови од странските влади од кои живеат цели медиуми да се делат скалесто, како што тоа го прави Катар, Норвешка, владата на Холандија, вели Цветин Чилиманов од МАН во гостувањето на ТВ21.

-СДСМ не зборува за дерегулација на медиуми, туку за регулирање. Тоа е сосема различно од она што го изјавуваат во јавноста. Тие го бараат нивниот оргинален, првичен предлог: Директор со неограничени овластувања во Агенцијата за медиуми, тогаш ќе ни донесе навистина негативни оценки, регулаторно тело кое ќе мери на штоперица, кој водител како ќе најавува и парични казни и затворање на медиумите, нас ни треба дерегулација на медиумите, рече Чилиманов.

Ванхојте вели ќе се дерегулира агенцијата и законот, но и денеска агенцијата е повлечена во својата улога, не казнува драконски.

-СДСМ бара регулирање на медиуми, а не дерегулација на медиуми, регулаторно тело под своја контрола што ќе ја влоши состојбата дополнително, изјави тој.

Чилиманов анализира дека првото интервју на МРТВ беше на Зоран Заев.

-Пријателско интервју па кажа куп лапсуси и го прогласи за партиско, вели Чилиманов.

Мирче Адамчевски од Советот за етика и поранешен претседател на СРД предложи владините реклами да се делат преку тендери по најниска цена, како што тоа владата го прави веќе со години за печатените медиуми.

 
 
28.01.2016 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега