ЕК бара конструктивна соработка на партиите во Македонија - а не да се напаѓа Хан
Во Европската комисија се шокирани од односот на опозициската СДСМ и нејзините членови во Македонија кон еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Навредите, пцостите и заканите кон Хан, па дури и подготовка на протести при неговото следно доаѓање, што е поддржано на социјалните мрежи на интернет и од Специјалната обвинителка Катица Јанева, непријатно го изненадува официјален Брисел, заклучно и иницијативата на СДСМ за Еврокомисијата да испрати друг олеснувач во преговорите на местото на еврокомесарот за преогвори за проширување.
Портпаролката на Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА официјално побара во име на неформалната Влада на ЕУ, политичките партии во Македонија да се однесуваат конструктивно и да обезбедат веродостојни и демократски предвремени парламентарни избори што според договорот од Пржино се закажани за 24 април.
-Европската комисија повика повеќе пати дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка помеѓу сите страни е од суштинско значење за да се осигураат веродостојни и демократски избори. Комесарот Хан очекува, во интерес на државата и на народот, сите партии да работат на постигнување на оваа цел – порача портпаролката Коцијанчич.
Според планот на еврокомесарот Хан, тој во средината на следнито месец треба да пристигне повторно во Македонија, со цел да увиди до каде е процесот на подготовка на предвремените парламентарни избори чие одржување и тој го поддржа да се случи на 24 април. Притоа, можно е тој да се сретне само со претставници на Државната изборна комисија (ДИК), на ОБСЕ/ОДИХР и други страни инволвирани во пдоготовка и организирање на изборите, но не и со претставници на политичките партии во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа