Нова супер поволност од ФЗОМ за лицата со пониски примања

Лицата со ниски примања кои минатата година оствариле нето приход под 115.080 денари нема потреба да доаѓаат во подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за да се пререгистрираат, бидејќи нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи. Лимитот според кој граѓаните го остваруваат ова право бележи континуиран раст од 96.600 денари во 2014 година до 115.080 денари денес, што е последица на растот на минималната плата.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, кој рече дека Фондот автоматски ќе ги пререгистрира и лицата кои последните два месеци од годинава оствариле приход помал од 19.180 денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 115.080 до 193.608 денари минатата година.

Другите две категории осигуреници кои плаќаат 50 отсто или 100 отсто од здравствениот придонес на просечна плата, ако се во рамките на лимити 115.080 денари до 193.608 денари, посочи Стефаноски, исто така не е потребно да доаѓаат за да се пререгистрираат на шалтерите на подрачните служби на Фондот.

- На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добиваат нови решенија по пошта. Лицата на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе добијат решение по пошта и ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување, нагласи Стефаноски.

Појасни дека лицата кои ова право не го искористиле и не се во базата на Фондот, а се во овие категории на приходи потребно е да дојдат и да се пријават на шалтерите во подрачните служби на Фондот. 

- Исто така и лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на јануари потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот да поднесат повторно пријава согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите за 2015 се зголемени и да го осигураат правото. Бројката на лица кои поднеле прво барање во јануари изнесува 3.374 лица и истите потребно е да дојдат и да се пререгистрираат, рече Стефаноски.

Додаде дека воедно и лицата кои имаат промена во висината на нето приходите, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца).

- Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во 2015 година изнесуваат: До 115.080 денари – здравстеното осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; зголемувањето оваа година на законскиот лимит на оваа категорија во споредба со минатата е 9.480 денари, истакна Рамадани.

Од 115.080 денари до 193.608 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 19.180 денари, посочи, здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; зголемувањето оваа година на законскиот лимит на оваа категорија во споредба со минатата е 9,480 денари.

- Од 115.080 денари до 193.608 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50 отсто на просечната плата односно, плаќа 1.178 денари месечно придонес. Над 193.608 денари здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100 отсто на просечната плата односно плаќа 2.356 денари, месечно придонес, нагласи Рамадани.

Фондот, потенцира, континуирано врши проверка на електронски добиените податоци од УЈП за нето приходите на осигурените лица на ниво на семејство и доколку утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош.

Додаде дека за сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на мејот:[email protected] како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања. 

 
 
29.01.2016 - 14:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега