Започнаа градежните работи за продолжувањето на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче

 

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина аеродром Ивица Коневски во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски го означија официјалниот почеток на градежните работи за продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче.

Станува збор за продолжување на булеварот од ФФМ до улицата „Тодор Чангов“ во должина од 430 метри. Ќе бидат изградени 4 сообраќајни ленти и нова раскрсница. Со ова значително ќе се подобрат условите за сообраќај, но и безбедноста во овој дел од општината.

Инвистицијата е во вредност од 30 милиони денари, а градежните зафати ќе ги изврши АД Бетон Скопје.

 
 
29.01.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега