Детската клиника доби апарат за аплицирање на цитостатска терапија
Апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести доби денеска Одделот за онкологија и хематологија во Клиниката за детски болести. Станува збор за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца.
Вредноста на апаратот, кој е донација од компанијата Новартис, е 171.100 денари.
Директорот на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и рече дека такви апарати секогаш недостасуваат особено на Одделот за онкологија и хематологија каде имаат еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести.
- Со него се олеснува апликацијата на цитостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат, додаде Софијанова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа