Димитриев: Се покажа дека методологијата за ДИК не е проблем и не треба да е инструмент за опструкции

 

Се покажа дека методологијата за ДИК не е проблем и не треба да е инструмент за опструкции, истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.

-За избирачкиот список информиран сум дека сите партии освен СДСМ се откажаа од сите амандмани кои ги имаа поднесено, ДИК ја утврди предлог методологијата едногласно со согласност од сите членови од ДИК, со поддршка дури и од оние кои се предложени од страна на СДСМ. Фактот што се бара начин да се тргува методологијата со медиумите како што една од партите тоа деновиве го изјави, само покажува дека методологијата не е воопшто проблем, туку дека е инструмент кој некој сака да го користи за опструкции и нови проблем. Оттука, и оправдано е стравувањето базирано на информациите кои стигнуваат до нас дека една партија раскажува дека нема да има избори. Ја повикувам СДСМ да престане да го блокира донесувањето на методологијата и прочистувањето на избирачкиот список. Ја повикувам денеска да ја извести ДИК како што тоа го направија сите други политички партии, дека ја прифаќа методологијата за прочистување која ДИК едногласно ја донесе после што ДИК веднаш ќе може да започне со прочистувањето на избирачкиот список, истакна Димитриев.

 
 
29.01.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега