Груевски: Треба, мора и ќе имаме фер и демократски избори
Треба, мора и ќе успееме да имаме фер и демократски избри на 24 април, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Тоа е желба на сите граѓани на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“, на другите политички партии и на мнозинството граѓани. Фер, демократски и слободни избори после кои ќе се стави крај на оваа политичка криза која не влече назад, и во делот на економијата, и во евроатланските аспирации и многу други сегменти. Потребно е да се стави крај на нешто што штети на целиот народ, посочи Груевски во вестите во Сител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа