Променливото време донесе проблеми: Ѕвонат телефоните на Ало Докторе

 

Во изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе се примени 1313  повици.

74488   повици вкупно   од 15.09.2014 година  НА 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  АЛО ДОКТОРЕ !

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  респираторни симптоми, покачен крвен притисок,  симптомна болка, покачена телесна температура, вирози  и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
01.02.2016 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега