Митко Чавков: За Спасовски поважно е исполнувањето на желбите на Заев отколку безбедноста на граѓаните

„Одлуките на Управниот суд покажуваат дека Република Македонија има институции кои нема да дозволат хаос и владеење на самоволието на еден лидер на партија. Конкретно за МВР одлуката на Управниот суд значи запирање на разорувањето на долго градениот систем на кариера во полицијата.“. Вака дополнителниот минситер за Внатрешни работи, Митко Чавков, во интервју за Прес24, ја коментира нанјновата ситуација во МВР, по долуката на Управниот суд да ги суспендира решенијата на технички поставениот минитстер, Оливер  Спасовски.

-Времената мерка покажува дека не смее да се доведе во прашање безбедносниот систем заради неразумната партиска политика која што ја спроведува Спасовски. За жал, не можам да кажам дека сум оптимист и да тврдам дека нема да има нови ирационални постапки на Спасовски. Тој покажа дека исполнувањето на желбите на Заев и Фрчковски му е поважно отколку безбедноста на граѓаните, вели за Прес 24, Чавков.

Тој го потсетува Спасовски дека неизврпувањето на одлуките на Управниот суд е кривично дело, алудирајќи на ставот на Спасовски дека одлуките на Управниот суд не значеле и дека треба да се разрешат новоиназачените началници и унапредени полициски службеници.

-Доколку со неизвршување на пресудата се предизвикаат и посериозни последици, тогаш висината на запретената казна достигнува 10 години затвор. Јас се надевам дека ќе надвладее разумот над партиските притисоци и ќе се почитува времената мерка. Таа е кристално јасна. Мора да се врати состојбата каква што била пред Спасовски да ги донесе незаконските решенија за разрешување и унапредување, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни во интервјуто за Прес24.

Тој вели дека целиот  свој професионаелн живот го поминал во МВР, но она што сега се случува во оваа иннституција го нема никогаш видено.

-Доколку на почетокот и можеле да го разберат со оглед на тоа што нема ниту еден ден искуство во полициското работење, сега велат дека веќе нема никакво оправдување. Само ќе напоменам дека станува збор за околу 12 000 вработени. Тоа се 12 000 семејства кои секојдневно се соочуваат со заканите од Спасовски дека ќе ги реализира политиките на Фрчкоски и Заев, вели Чавков

-Оливер Спасовски е првиот министер кој излегол на прес конференција со конструкции и констатации од типот „имам индиции“. Порано во МВР се одржувале прес конференции само кога од фаза на индиции, ќе се поминело во фаза на основано сомнение односно поднесена кривична пријава. За жал, сведоци сме на спуштање нас нивото на квалитет кое беше високо кренато, вели Митко Чавков, дополнителен заменик министер во МВР, во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Уравниот суд донесе одлука со која беа ставени вон сила одлуките за смени и унапрдување функционери што ги донесе технички поставениот министер Оливер Спасовски. Пред извесно време имаше слична одлука и за Министерството за труд и социјална политика. Како ги оценувате овие одлуки на Управниот суд и дали можат да се очекуваат нови слични постапки на техничките министри?

ЧАВКОВ: Политичкиот договор од Пржино мора да се реализира, но никако спротивно на Уставот и законите во Република Македонија и никако на штета на професионалците кои долги години работат во институциите. Крајно незаконски, насилнички и политикантски, без никаква причина, техничкиот министер Оливер Спасовски одлучи да прави чистка во Министерството за внатрешни работи. Партиската наредба ја реализираше на ден пред Нова Година мислејќи дека ќе помине незабележано. Како во време на најцрниот комунизам се еден потпис реши да смени професионалци во министерството кои минале десетици обуки и во земјава и надвор од неа и во чија едукација е инвестирано не само од страна на државата, туку и од нашите партнери од надвор. Со тоа Оливер Спасовски директно ги загрози капацитетите на МВР и покажа дека наредбите од неговата партија му се поважни отколку безбедноста на граѓаните.

Неговиот ментор Љубомир Фрчковски две недели пред доаѓањето на Оливер Спасовски најави дека техничкиот министер од СДСМ треба на клоци да ги избрка сите раководители, без да го интересира законскиот основ, па после тие да тужеле со години. Истото го изјави и неговиот лидер порачувајќи дека живи луѓе ќе јаделе и дека ќе исчистеле се, почнувајќи од чистачка па до директор. Ова не е договорот од Пржино. Ова е незаконска злоупотреба на договорот и ја покажува намерата на СДСМ за пресметка со сите кои не се нивни партиски членови. Вакво нешто е недозволиво. Од друга страна Оливер Спасовски си го унапреди сопругот на неговата колешка Фросина Ременски за четири нивоа погоре во хиерархијата на МВР. Незаконски за дури и по седум нивоа унапредуваше десетици партиски активисти послушници на СДСМ, вклучувајќи и лице за кое има првостепена пресуда со казна затвор за негова инволвираност во случајот „Шпиун“.

Одлуките на Управниот суд покажуваат дека Република Македонија има институции кои нема да дозволат хаос и владеење на самоволието на еден лидер на партија. Конкретно за МВР одлуката на Управниот суд значи запирање на разорувањето на долго градениот систем на кариера во полицијата. Времената мерка покажува дека не смее да се доведе во прашање безбедносниот систем заради неразумната партиска политика која што ја спроведува Спасовски. За жал, не можам да кажам дека сум оптимист и да тврдам дека нема да има нови ирационални постапки на Спасовски. Тој покажа дека исполнувањето на желбите на Заев и Фрчковски му е поважно отколку безбедноста на граѓаните. Тоа што ми дава надеж е дека има институции во земјава и секој ќе одговара за своите постапки.

ПРЕС24:  Спасовски изјави дека времената мерка на судот значела замрзнување на актуелната состојба, односно дека сопругот на Фросина Ременски и Началниците кои тој ги постави остануваат на актуелните позиции. Гледаме дека не се спроведува и одлуката на Управниот суд во Министерството за труд си социјална политика. Како ги толкувате ваквите постапки?

ЧАВКОВ: Согласно Кривичниот Закон, членот 377, неизвршувањето на судска пресуда е сериозно кривично дело за кое е запретена и казна затвор. Доколку со неизвршување на пресудата се предизвикаат и посериозни последици, тогаш висината на запретената казна достигнува 10 години затвор. Јас се надевам дека ќе надвладее разумот над партиските притисоци и ќе се почитува времената мерка. Таа е кристално јасна. Мора да се врати состојбата каква што била пред Спасовски да ги донесе незаконските решенија за разрешување и унапредување.

Ќе се потрудам да ви објаснам поедноставно. Доколку некој неовластено ви навлезе во имотот и го узурпира, почнувајќи да си гради во вашиот двор, Вие сигурно ќе тужите и ќе побарате заштита од судот. Доколку судот ја прифати тужбата и донесе времена мерка, тоа не значи дека тој што ви навлегол во дворот треба да си продолжи со нелегалните градежни активности, само заради тоа што Оливер Спасовски мисли дека мерката се однесува на тековната состојба. Гледате колку е апсурдно и правно неиздржано ваквото тврдење.

Затоа пак би апелирал да се почитуваат законите и институциите. Не доликува високи партиски функционери на ваков начин да го девалвираат целиот систем. Знам дека СДСМ е долго во опозиција, но работите веќе ни од далеку не се исти како што беа пред 10 години кога партијата на Спасовски беше на власт. Имаме нов Закон за внатрешни работи и Закон за полиција во кои е вграден системот на кариера развиен во МВР и не смееме да дозволиме целата институција и безбедноста на граѓаните да бидат во заложништво на неразумната политика на лидерот на СДСМ.

ПРЕС24:  Како би го опишале функционирањето на Министерството за внатрешни работи во моментов кога таму прв човек е технички назначениот министер Оливер Спасовски?

ЧАВКОВ: Целиот свој професионален ангажман го имам поминато во полиција притоа поминувајки ги сите хиерархиски нивоа од најниското до највисокото.  Сум бил дел од илјадници акции кои ги реализирала полицијата и како оперативец и како претпоставен, односно раководител. Ваква ситуација како сегашната досега немам видено.

Со доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на Министерството кое согласно со договорот од Пржино, беше техничко назначување и во врска со организација на изборите, видовме инсталација на партиски војници од СДСМ – актуелни претседатели и членови на комисии во СДСМ кои Спасовски ги назначи за државни и генерални полициски советници кои требало да го професионализираат МВР. Членовите на тој тим се поранешни и сегашни полициски службеници кои воопшто не ги познаваат  реформите кои се спроведуваат во министерството  а најмалку или воопшто немаат познавање за методологиите за сузбивање на современите форми на организиран и прекуграничен криминал.  Од тој тим, освен притисоци врз вработените за истражување на наводни незаконитости инспирирани исклучиво од реваншистички побуди во минатото, досега   нема  иницијативи ниту насоки за реализација на било каква  акција. Само ќе потсетам дека од почетокот на јануари во 2007, само неколку месеци од смената во раководството на МВР, веќе почнавме со акции за сузбивање на  организирани криминални групи вклучени во различни криминални активности со национален и особено со транснационален контекст.  Министерството беше релевантен партнер на многу европски полициски служби за што сме добивале високи признанија.

За разлика од тој период, единствениот голем случај кој МВР го реализираше овие три месеци откако Спасовски е министер е таканаречената „Фабрика за афери“, предводена од Чауш. Но случај кој е реализиран од професионалните структури и благодарение на решителноста на Јавното обвинителство. Спасовски ниту знаеше, ниту се интересира за откривање и на останатите инволвирани во „Фабриката за афери“. Од неговите настапи, како и од настапите на неговиот лидер, дури може и да се забележи тенденција за одолговлекување и кочење на случајот. Јавноста е зачудена зошто пратениците на СДСМ одбиваат дури и да влезат во анкетната комисија која ја формираше собранието за расчистување на политичката одговорност околу оваа афера. Токму граѓаните можеа да ги видат фотографиите на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски со еден од осомничените, како и фотографиите и потврдата на неговиот лидер Зоран Заев дека Захир Бекири Чауш бил значаен член на СДСМ, кој бил приман и во неговиот кабинет.

Ваквиот однос на СДСМ и Спасовски не може, а да не се одрази и на работењето во МВР. Најпрвин со одземањето на овластувањата создаде хаос, кој уште толку го зголеми со незаконските разрешувања и унапредувања. Револтот во полицијата од ваквото негово работење е огромен. Секојдневно стигнуваат поплаки за разни заплашувања, притисоци, закани и уцени. Вработените во МВР се гневни за партизацијата и политизацијата што ја практикува Оливер Спасовски. Доколку на почетокот и можеле да го разберат со оглед на тоа што нема ниту еден ден искуство во полициското работење, сега велат дека веќе нема никакво оправдување. Само ќе напоменам дека станува збор за околу 12 000 вработени. Тоа се 12 000 семејства кои секојдневно се соочуваат со заканите од Спасовски дека ќе ги реализира политиките на Фрчкоски и Заев.

ПРЕС24:  Технички назначените министри на функцијата се повеќе од два месеци. Нивната улога од договоорот во Пржино беше воспоставување на процес за контрола во организација на изборите. Колку од овие обврски денеска има исполнето Оливер Спасовски како кадар поставен од страна на СДСМ во Министерството?

ЧАВКОВ: МВР ги имаше и се уште ги има сите капацитети да биде гарант на фер и демократски избори. Оливер Спасовски дојде во извонредно организирана институција полна со професионален кадар кој во секој момент може да одговори на поставените задачи. Оливер Спасовски сега треба да покаже дека ги почитува законите и дека има капацитет да ги исполни обврските кои стојат пред него и пред МВР.

Определба на Владата е секоја институција, вклучувајќи го и МВР, во целост да ги стави на располагање своите капацитети за да добиеме фер и демократски изборен процес кој ќе финишира со изборите на 24 април. Спасовски мора целосно да се вложи во исполнувањето на оваа обврска, секој негов неуспех во таа насока нема да биде само доказ за непоседување на капацитет да ја води оваа институција, туку и аргумент дека СДСМ тенденциозно ја опструира вољата на граѓаните, договорот од Пржино, но и Законот за избори каде што 24 април е изгласан како датум за одржување на изборите од сите четири најголеми политички партии. Јас само би додал дека сите обврски кои произлегоа од договорот од Пржино кон СДСМ беа максимално исполнети, а кои се однесуваа на функционирањето на нивниот технички министер. Тој си донесе свој тим и сите тие добија високи плати за да му помагаат во работењето. Спасовски се одлучи за проверени кадри, па во МВР влезе и една советничка на СДСМ од општина Карпош. Дали е тоа рационално, да се вработуваат неискусни, но партиски кадри е друга тема. Сега е важно сите тие да придонесат максимално во организација на изборите.

ПРЕС24:  Лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш недвосмислено потврди дека СДСМ нема да оди на избори, ставот на владеачката партија исто така е познат.  Опозицијата смета дека нема доволно време да се спроведе прочистување на избирачкиот список и регулацијата на медиумите ?

ЧАВКОВ: Во минатото сме биле сведоци на многу изјави на лидерот на опозицијата Зоран Заев кои биле дадени во афект без доволно да се размисли за ефектите и последиците. Сме биле сведоци на уште повеќе негови изјави во кои тој си ги демантирал претходните. Јас се надевам дека Зоран Заев наредниов период ќе сфати дека не е само желба на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА да се оди на избори на 24 април. Тоа е обврска од договорот од Пржино, но и обврска од Изборниот закон. Најважно од се, тоа е желба и барање на граѓаните на Република Македонија. Тие очекуваат земјава да излезе од наметнатата политичка криза што е можно побргу. Наместо нејзино пролонгирање, граѓаните очекуваат државата да тргне напред, по патот на реформите и просперитетот, а тоа ќе се случи со изборите на 24 април. СДСМ во моментов има контрола врз двете најважни институции за организирање на изборите МВР и ДИК и навистина не гледам простор за каков било сомнеж или бегање од 24 април.

ПРЕС24:  Оливер Спасовски на прес конференција најави голем скандал и истрага за фалсификување и препродавање на македонски возачки дозволи во странство. Ја посочи и германската компанија како инволвирана во случајот, но подоцна видовме и демант од нивна страна. До каде е истрагата?

ЧАВКОВ: Кривично правен случај нема. Не постои оштетен, ниту некој кој прибавил противправна имотна корист. Имаме само една афера која наликува на производ од фабриката на Чауш. Имаме класична конструкција и инсинуации. Германската компанија Веридос има проекти за изработка на лични документи по највисоки стандарди во десетици земји. Германската компанија изработува и банкноти и картички. Зошто вака реномирана глобална компанија би учествувала во некаков криминал со македонски возачки дозволи? Зошто тие би работеле по нарачка на некој од ВМРО како што тврдеше Спасовски? Кому низ Европа би ги продавале овие возачки дозволи и зошто некому во Европа му треба македонска возачка дозвола, со оглед на тоа што Спасовски изјави дека спречил милионски профити? Има уште многу апсурдни прашања кои заради непостоењето елементарна логика останаа неодговорени. Затоа стигнаа реакции и деманти и од германската компанија и од германската амбасада со оглед на тоа што 40% од компанијата е во сопственост на државата.

Многу срамно и недостоинствено за еден министер, па дури и да е технички. Не само што ги навреди германските партнери, туку со своите неосновани сомнежи и манипулации ги навреди и вработените во МВР, но пред се граѓаните. Ја потцени јавноста и мислеше дека ќе му помине една ваква конструкција. За жал и Оливер и СДСМ не можат да разберат дека кога ќе влезат во некоја институција не е нивна работа да креираат афери и да ги поттикнуваат, туку да работат за граѓаните и да ги расчистуваат аферите. Оливер Спасовски е првиот министер кој излегол на прес конференција со конструкции и констатации од типот „имам индиции“. Порано во МВР се одржувале прес конференции само кога од фаза на индиции, ќе се поминело во фаза на основано сомнение односно поднесена кривична пријава. За жал, сведоци сме на спуштање нас нивото на квалитет кое беше високо кренато.

ПРЕС24: МВР повторно стана актуелно со поднесување на кривична пријава против еден вработен, поради основано сомнение дека истиот се обидел незаконски да влијае врз потенцијален сведок на специјалното јавно обвинителство. За што точно станува збор?

ЧАВКОВ: Уште откако случајот беше пријавен, МВР во координација со надлежното јавно обвинителство ги презеде сите мерки за обезбедување на соодветни докази. Судот понатаму ќе цени во соодветна постапка дали и за што е виновен осомничениот кому на товар му се става едно исклучително сериозно дело, особено во околностите во кои се наоѓаме сега. Ваквите методи на работење не доликуваат никому. Особено не на вработени во МВР. Не смее никому да нудите поткуп, огромни суми пари за да потпише и за да застане зад лажен исказ со кој некој би бил искомпромитиран. Доколку такво однесување остане несанкционирано го доведуваме во прашање кредибилитетот на целокупниот систем. Тоа беа методи на поранешната УДБА, систем кој се применуваше пред 50 години. Не доликува некој денес да се служи со такви средства. Политиката не смее да се меша во законот.

 
 
01.02.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега