Грижата на дело: Грантови од 1.500 евра за 200 нови работни места

 

Нови 200 вработувања ќе се реализираат преку мерката за финансирање поестоечки микро и мали претпријатија за што се се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.

Како што појасни денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заинтересираните компании можат да аплицираат за отворање од 1 до 5 работни места, а средствата ќе ги добијат во опрема и репроматеријали.

Триесет проценти од средствата, појасни Спасов, ќе бидат наменети за субвенционирање на отворање работни места за млади до 29 години, односно ќе бидат отворени осумдесеттина работни места за овие лица.

- При досегашното спроведување оваа мерка се покажа како многу успешна, или најуспешна од сите мерки. Со сеа се отворени 569 работми места, а успешноста  и одржливоста на новите работни места е 90 проценти, рече Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски појасни дека претпријатијата кои ќе аплицираат треба да имаат најмалку еден вработен. При апликацијата треба да достави бизнис план за идните вработување и проширувањето на бизнисот. Ќе се проверува и дали претпријатијата имаат долгови по основ на даноци или придонеси.

Претпријатијата ќе можат да побараат помош за отворање работни места за 1 до 5 лица, и за онолку колку ќе му бидат одобрени ќе добие средства кои, како што појасни Поповски, не се парични туку во опрема и репроматеријали.

 
 
02.02.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега