Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13 часот и 10 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 км југоисточно од Скопје.

 

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од 3-4 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. 

 
 
02.02.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега