Годинава ќе бидат изградени 10-те железнички станици

 
Преку 80 отсто од работите на обновата на железничката станица во Прилеп се завршени. Одлично течат работите, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисјаловски денеска во Прилеп, запрашан како се одвива проектот со Европската унија за обновата на 10 железнички станици на Коридорот 10.
 
- Согласно динамиката што ја имаме со изведувачите и координацијата со Европската Унија, очекуваме обновата на сите железнички станици оваа година да биде завршена, нагласи Мисајловски.
 
Тој додаде дека се работи и на делницата Битола- Краменица која е нова. - Се работи на оваа нова делница со еден крак кон Жабени. Целата траса е веќе пробиена. На теренот работиме ефективно. Овие месеци имаше послаб интензитет поради временските услови, но очекуваме компаниите кои работат и нивните подизведувачи наредните месеци да ја засилат работата. Очекувам, согласно договорот комплетно трасата да биде рехабилитирана, изјави Мисајловски.
 
 
02.02.2016 - 14:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега