Седница на ДИК за методологијата за Избирачкиот список

Државната изборна комисија попладнево во 18 часот ќе одржи седница на која треба да биде усвоен Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапката за спроведување теренска проверка заради негово ажурирање, по претходна согласност на четирите најголеми политички партии во Собранието на Република Македонија. 

ДИК соопшти дека на седницата треба да биде усвоен и Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на негова проверка, по дадената согласност на четирите најголеми политички партии.

Комисијата ќе расправа и за Предлог-стратегија за односи со јавност на ДИК, како и за Предлог-одлуката за формирање на тим за односи со јавност.

 
 
02.02.2016 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега