Вардар вечерва ќе ги измери силите со Стеауа во првиот меч од ЛШ
Вечерва од 19 часот и 45 минути во Букурешт на „Националанта арена“ нашиот македонски фудбалски шампион Вардар во рамки на второто квалификациско коло од ЛШ и гостува на Стеауа.
Првиот човек на клупата на „црвено-црните Боби Милевски истакна дека неговиот тим е подготвен да ги измери силите во првиот меч со романскиот шампион.
- Од тоа што го забележувам кај сите наши фудбалери овие два дена во Букурешт, дефинитивно сум сигурен дека ќе го дадат максимумот и ќе играат од срце за Вардар, за црвено-црните бои, за своите навивачи и за македонскиот фудбал. Знам дека тоа што го очекувам од нив нема да изостане на теренот, а на крајот се надевам дека ќе биде доволно да се извлече поволен резултат против моќниот противник, истакна Милевски по синоќешниот тренинг.
Освен средбата Стеауа - Вардар денеска се играат уште седум први натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ.
Двојките се: Плзен - Железничар, БАТЕ - Шахтјор, Динамо Тбилиси - Стрејмур, Екранас - Хафнарфјордур, Тираспол - Сутјеска, Биркиркара - Марибор и Фола - Динамо Загреб.