Општина Илинден како Франција, Финска и Латвија со 10 проценти невработеност

Општина Илинден постигнува огромни резултати со проектите за намалување на невработеноста. Со владините мерки, но и со силната посветеност на локалната самуправа и градоначалникот Жика Стојановски, од 38 отсто невработеност во 2005 година, денес во Илинден има рекордно ниски 10 проценти невработеност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес е во посета на општината, посочи дека ваква ниска невработеност има само во високоравиените земји како Франција, Финска и Латвија, а овој постигнат резултат на општина Илинден е за огромна почит.

Груевски и Стојановски беа во посета на економската зона Марино- Кадино, која е распространета на 115 хектари површина и на неа се продадени 50 локации за стопански објекти.

Груевски оствари средба и со задоволни инвеститори кои велат дека владините мерки им биле од пгромна помош да купат земјиште, да изградат фабрика и да вработат македонски граѓани.

Општина Илинден во локалната економска зона Марино- Кадино, минатата година инвестираше 24 милиони денари за изградба на патна и комунлна инфраструктура.

 
 
03.02.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега