Важна вест за сите кои сакаат да одат во Грција

 

Грчки возачи на автобуси и мигранти го блокираа патот кон границата со Македонија

Грчки возачи на автобуси и мигранти кои сакаат да стигнат до Западна Европа го блокираа сообраќајот на магистралниот пат што води кон границата со Македонија, „во знак на протест поради тоа што пропуштањето на мигранти во Македонија оди премногу бавно“, јавуваат грчките медиуми.

Најмалку 80 автобуси со мигранти веќе неколку дена стојат во близина на границата со Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, „Катимерини“ пишува дека Македонија им овозможува само на мал број мигранти да преминат на нејзина територија, поради протестот на таксистите кои ги паркираат своите автомобили на железничката пруга, револтирани затоа што полицијата ги насочува мигрантите да патуваат само со возови и автобуси.

Вчера претпладне беше пропуштен само еден воз кој однесе стотици мигранти кон северната граница на Македонија, но таксистите попладнето повторно ја блокираа пругата.

По уште една ноќ помината на бензинска станица 14 километри јужно од грчко-македонската граница, возачите на автобусите денеска ги паркираа возилата на главниот пат, а ним им се приклучиле и стотици мигранти кои извикувале „Меркел, Меркел“, јави камерман на западен медиум од местото на настанот.

 
 
04.02.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега