Иванов – Меркел: Германија очекува договорот меѓу Турција и ЕУ за мигрантите да се почитува

Последните случувања околу бегалската криза и состојбата на граничните премини, биле во фокусот на денешните разговори на претседателот Ѓорге Иванов со германската канцеларка Ангела Меркел, во рамки на учеството на Самитот во Лондон посветен на Сирија.

На средбата, македонскиот претседател ја информирал Меркел за последните случувања на македонско-грчката граница, како и за мерките кои Македонија во континуитет ги презема за справување со бегалската криза.

Иванов истакнал дека и покрај тоа што Македонија во моментов пропушта бегалци само од трите држави зафатени со воени дејствија, сепак и натаму бројките се мошне високи, посебно имајќи ги предвид зимските временски околности.

Германската канцеларка изаразила надеж дека усогласениот договор меѓу ЕУ и Турција ќе функционира и дека сите преземени обврски ќе бидат испочитувани и исполнети. Воедно, на средбата со претседателот Иванов, Меркел изразила интерес околу развојот на политичките случувања во Република Македонија и во регионот

 
 
04.02.2016 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега