Утринава најстудено во Маврово - погледнете ги температурите низ Македонија

Најниска температура од минус 10 степени во седум часот изутрина е измерена во Маврово, по што следат Лазарополе – 9, Крушево – 7, Кр. Паланка – 6, Пожар и Претор – 5, Пожаране, Берово, Охрид и Тетово – 4, Ѓуриште, Дебар, Тополчани и Битола – 3,  Прилеп и Виница – 2, Скопје Петровец – 1.

Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 11 сантиметри, шест во Ѓуриште, пет во Лазарополе, четири во Берово, три во Крушево…

Според УХМР, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Највисоката температура ќе достигне од два до 10 степени.

Во скопското подрачје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до околу 9 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Во крајните западни делови ќе има услови за локални врнежи од дожд, а вторник кон крајот на денот и в среда врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја, но ќе бидат од локално застапени.

 

 
 
06.02.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега