Кумановчани ќе се спасат од досадните комарци
Утре во временски период од 5 до 8 часот ќе се изврши авионско запрашување против комарци во Куманово.
- Ако временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопштуваат од општина Куманово.
За прскањето кое ќе се спроведе во неколку наврати се одвоени еден милион и 115 илјади денари.
ФОТО: Алфа