Груевски: За 40 дена 9 нови инвестиции кои ќе отворат 3.610 работни места
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес одржа работен состанок на тема “Странските инвестиции во Република Македонија”, кој како што рече, е еден од врвните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека минатата година преку странските инвестиции се вработени 6.700 лица. Од почетокот на новата, 2016, година, потенцираше дека реализирани се девет настани поврзани со странски инвестиции.
-Четири компании потпишаа договори, компанијата БРГ од Индија, Џерман електро Мехатроник од Германија, Џонсон Контролс од Америка и Ван Хул од Белгија. Три компании почнаа со работа: ТехноХозе од Италија, Иск Трејд од Италија и фабриката за производство на чипс во Кравари која е од Македонец вратен од Австралија. Воедно една компанија започна со градба, германската Акомпласт во Прилеп, а уште германската компанија Кеслер ја објави својата одлука за инвестирање во Македонија. Со полната реализација на овие девет инвестиции ќе се вработат 3.610 невработени лица во Македонија, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека инвестициите само на овие девет компании, кога ќе бидат завршени ќе бидат 90 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа