Во Велес во тек евиденција на тутунопроизводителите

 
Педесет тутунопроизводители од велешкиот регион се пријавиле и се евидентирани во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес од почетокот на евиденцијата што почна на 1-ви овој месец, информира Антонио Трајков раководител на подрачната единица.
 
Трајков рече дека очекуваат од општините Велес, Градско и Чашка да евидентираат околу 1.200 тутунопроизводители. - При евидентирањето им се издава картон за тутунопроизводители. Со тоа тие од откупните фирми сокои ќе склучат договори, потоа ќе ги добијат и сите потребни бенифиции за производството на тутун за годинашната реколта и на крајот ќе  се обврзат и  да го продадат произведениот тутун, информира Трајков.
 
Воедно, дополни, евиденцијата на тутунопроизводителите е со цел тие за своето производство да ги добијат и  предвидените субвенции, а  кои ги дава Владата со цел да им помогне на тутунопроизводителите да го зголемат своето производство и така да стекнат подобра езистенција за своите семејства.
 
 
09.02.2016 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега