Разбиена албанска криминална група која „оперирала“ и во Македонија

 

Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја го уапсила водачот на криминалната група, позната како „Сенки во ноќта“, која вршела кражби и разбојништва во четири држави, меѓу нив и во Македонија.

- Уапсено е лицето Бледар Рочи (20) од селото Здојан, Пешкопеја, кој веќе има криминално досие. Истиот е неколкупати осудуван за разни кривични дела. Во исто време потерница е издадена за три лица, членови на групата на возраст од 23 и 25 години, кои исто така се осудувани лица, стои во полициското соопштение.

Криминалната група освен во Албанија и во Македонија, вршела кражби и разбојништва и во Косово и Грција. 

 
 
09.02.2016 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега