МВР: Веднаш реагиравме по пријавата од Дамјановски - неселективно постапуваме по сите пријави

Министерството за внатрешни работи постапува крајно неселективно по сите пријави, обидувајќи се во рамки на законските ингеренции да ги документира кривичните дела, доколку за истите постојат докази.

Факт е дека членот на Комисијата за лустрација на 04.06.2013 година во полиција пријави кривично дело „изнуда“, посочувајќи дека непознато лице му се јавило по телефон и му побарало 10.000 евра, заканувајќи му се во случај парите да не бидат исплатени. Во записникот потпишан од пријавителот не се наведуваат мотивите за ваквото барање или какви било нерасчистени должничко доверителски односи кои ги имал кон некое лице.

Веднаш по добивањето на пријавата, полицијата започна да постапува. Набргу беше утврден идентитетот на осомничениот, а кон крај на минатата недела истиот беше обезбеден и повикан на службен разговор. Во разговорот, иако осомничениот потврди дека телефонот бил негов, посочи дека во спорното време, наводно го дал на две непознати лица кои се затекнале во спортската обложувалница во која што се наоѓал во моментот.

Осомничениот е 56 годишно лице од Скопје кое и претходно и е познато на полицијата. Откако случајот ќе биде целосно документиран, против него ќе следи соодветен поднесок.

Интегрален текст од реакција.

најчитано сега