Информации за пожарот во Козле
Изгаснат е пожарот што денеска избувна во подрумските простории на станбена зграда на улицата „Јуриј Гагарин“ број 28, влез 6 во скопската населба Козле. Опожарен е материјал кој бил складиран во подрумот, а повредени нема.
Командантот на скопската противпожарна бригада Благоја Менковски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 10 и 35 часот, а во неговото гаснење учествувале шест противпожарни возила и 13 пожарникари.
Направена е материјална штета од околу 1.000 евра.
10.02.2016 - 18:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа