Ски-центарот ,,Кожуф‘‘ демантира дека Латас има имот и бара извинување од Заев
Имотниот лист со кој Заев тврдеше дека Латас поседува огромен плац на Кожуф или е фалсификат или пак не постои. Ски центарот Кожуф во демант испратен до лидерот на опозицијата тврди дека главниот и одговорен уредник на Сител не поседува имот на Кожуф и бара извинување од Зоран Заев на нанесените штети на угледот на компанијата.
„Доколку немате доблест да го сторите тоа, на наше големо жалење, ќе мора да покренеме судска постапка против вас заради давање лажна изјава што претставува клевета против нашата компанија.“ –стои во демантот потпишан од извршниот директор на АД Ски центар Кожуф Ангел Наков.
Обидите да се монтираат афери не се ништо ново во опозициската СДСМ. Фалсификување на имотни листови е воспоставена дисциплина во позициските редови што го докажа и фабриката за афери на СДСМ каде прво осомничен е сопартиецот и близок пријател на Заев, Захир Бекири Чаушот со кого лидерот на СДСМ како што вчера објави Сител контактирал 60 пати за само неколку месеци. Интересно е имало и контакти меѓу братот и сопругата на Чаушот со Заев истиот ден кога полицијата ја реализираше акцијата со која Фабриката за афери на СДСМ отиде во стечај. Имено, Сител вчера објави дел од скандалозните пораки кои на Вибер Заев ги разменувал со сопругата на Чаушот. Во нив може да се види дека Заев добро бил запознаен дека се фалсификуваат лични карти кои треба да се користат за да се обвини власта за нерегуларни избори. Тој и порачува на сопругата на Чауш да не се грижи и дека се ќе негираат. Дека од аферата нема да има ништо бидејќи знае кој стои зад нив, објави Сител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа