Снегот се врати: Еве каде натрупа најмногу

 

Снежна покривка од 10 сантиметри има во Маврово, во Крушево 4, Пожаране 3 и Лазарополе 2 сантиметри. 

Утрово времето е умерно облачно во северните делови од земјата. Магла има во Демир Капија и во делови од скопската котлина. Дува слаб до умерен променлив ветер.

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува претпладне слаб, а попладне умерен ветер претежно од јужен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16° C.

Во Скопје променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за слаб повремен дожд. Температурата до 14° C.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер. Од недела условите за појава на повремени врнежи ќе се помали, a температурите ќе бидат во постепен пораст па во средината на работната недела на југоистокот температурите ќе надминуваат 20 степени.

 
 
12.02.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега