Осум несреќи во Скопје: Неколкумина во болница

 

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета, а три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење. Санкционирани се и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.  Петнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 13 возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 
 
12.02.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега