Екипите на ЕВН ќе бидат на овие места - каде ќе нема струја?
В понеделник без струја од 6:30 до 8 часот ќе бидат дел од корисниците од скопските села Кондово, Кучково, Веле Поле, Чашка и село Грачани, во општините Ѓорче Петров и Сарај.
Во периодот од 8 до 17 часот без струја ќе бидат корисниците од Чашка и Грачани, општина Сарај, а од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата „Фрањо Клуз“ од бр. 2 до број 14 во општина Аеродром.
Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Горноврановска“ од број 2 до број 22 во општина Аеродром, а од 9 до 10 часот дел од корисниците од улицата „Хаџи Трајко“, („Василие Ѓуровиќ“) во општина Аеродром и корисниците од улицата „Костурски Херои“ број 2 и број 2а во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа