Трагедија во Скопје: Згасна уште еден живот на улиците

 

Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на моторно товарно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус.

Се случила и една незгода во која едно лице го загуби животот. Истата се случила во 9 часот и 40 минути на крстосницата од улиците „Радишанска“ и улицата „Боро Краљевски“ во која учествувале две патнички моторни возила, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. По незгодата возачот и сопатникот од патничкото моторно возило „југо“ со возило на Брза помош биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ заради укажување на лекарска помош при што кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди, а возачот по извесно време им подлегнал на повредите.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 42 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седум  возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, како и седум возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Санкционирани се и 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 
 
16.02.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега