Крвав инцидент во Куманово за јоргани
Крвав настан ја потресе македонската јавност. Вчера во 13 часот во полициска станица во Куманово било пријавено дека околу 12 часот во продавница за теписи, 51-годишниот В.И. забележал крадец кој ги сечел конците со кои биле врзани јорганите кои стоеле на скалите од дуќанот. Тој му пришол од зад грб на крадецот и го фатил, но тој се свртел и со нож го повредил продавачот и почнал да дава отпор.
Со помош на вработената бил совладан по што повикале полиција.
16.02.2016 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа