Груевски најави Специјализирана национална математичка гимназија во Скопје

 

Влогот во математичките познавања како основа на речиси сите природни науки придонесува кон продуцирање на кадри со изразени когнитивни способности, информатичко-аналитички вештини, логичко размислување и решавање предизвици.

-Никогаш математиката сама за себе не била цел туку суштинска алатка за постигнување други цели и отворање на значителни можности. По примерот на многу земји предвидуваме отворање на специјализирана  национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми креирани и одобрени од Биро за развивање на образованието и поддршка од Природно-математичкиот факултет и МАНУ, кои ќе бидат дел од вонредниот наставен кадар и поддршка на редовниот, истакна тој.

Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.

Гимназијата ќе биде опремена со компјутерски лаборатории за изучување на математика и други сродни области,а ќе се изучува и напредна математика.

 
 
18.02.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега