Иванов и Пахор го промовираа Евробаскет 2013: Ако важеа спортски правила во ЕУ Македонија до сега ќе беше таму
Денеска македоснкиот претседател Ѓорѓе Иванов и претседателот на Словенија Борут Пахор го промовираа Евробаскет 2013 кој ќе се одржи во септември во Словенија.
„Овде сум со претседателот Иванов во поопушена атмосфера да ве поканам во сепетември во Словенија да дојдете на прекрасниот и волшебен баскет спектакл. Треба да ви кажам дека како домаќин на настанот, му забранив на македонскиот колега да фрла кош, бидејќи колку што слушнав цела ноќ тренирал и не промашувал и затоа не можев да си дозволам, тука пред сите вас да погодува туку го замолив да ми подава и му се заблагодарувам на пријателскиот гест,“ изјави денеска словенечкиот претседател Пахор.
Од своја страна претседателот Иванов истакна дека не се сомнева во организацијата на Евробаскет и дека доколку важеа спортски правила во ЕУ, до сега ќе бевме таму. Тој истакна надеж дека тоа што го прават спортистите ќе го прават и политичарите зошто така се обединуваат луѓето.
Двајцата претседатели одлично се забавуваа и си подарија дресови.
ФОТО: МИА