ВМРО-ДПМНЕ Битола: СДСМ континуирано опструира приватни инвестиции

 

Ги прашуваме опозиционерите од СДСМ, зошто континуирано ги опструираат приватните инвестиции и економскиот развој на нашиот град?, прашуваат од ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ.

интегрален текст од соопштението на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ

Иако и сами во своето соопштение кажуваат дека дозволата за експлоатација и договорот за концесија се издадени од надлежните институции во РМ согласно важечката законска регулатива, сакаме дополнително да ги информираме и дека локацијата за рудникот (не каменолом како што тие тврдат) е утврдена од страна на Министерството за економија по претходно добиено мислење од сите релевантни министерства, вклучително и Министерството за животна средина.

Исто така, вечно загрижените социјал-демократи, намерно или од незнаење пропуштија да кажат дека за споменатата локација е изготвена Студија за влијание врз животната средина.

Дополнително, концесиониерот е обврзан да изврши ремедијација на самата локација односно да пошуми исто толкава површина колку што во текот на работата ќе експлоатира.

На крај, спротивно на намерите на СДСМ за манипулирање и ширење на паника, вистинската информација која јавноста треба да ја знае е дека покрај запазената законска регулатива за зачувување на животната средина, споменатата инвестиција  ќе обезбеди најмалку нови 20 вработувања за градот.

 
 
18.02.2016 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега