Расте бројот на патници кои се возат со автобус

 

Бројот на патници во градскиот и меѓународниот превоз во четвртиот квратла од 2015 година бележи раст, а во приградскиот и меѓуградскиот превоз намалување.

Според обајвените податоци на Државниот завод за статистика, растот кај градскито превоз изнесува 1,8 отсто, во меѓународниот 2,7 отсто, а намалувањето во приградскиот превоз е 9 отсто и во меѓуградскиот 33,9 отсто.

Во однос на четвртиот квартал од  2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,5 отсто, во приградскиот за 30,4 отсто, во меѓуградскиот превоз за  46,2 отсто, додека во меѓународниот превоз е забележано намалувањето од 6,6 отсто.

 
 
19.02.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега