Вработените во шок - вооружен грабеж во обложувалница во Скопје
Вчера околу 20,20 часот во Скопје на ул.„Васил Ѓоргов“ во спорската обложувалница „Спорт Лајф“, непознат сторител маскиран со фантомка на главата и вооружен со огнено оружје пиштол извршил разбојништво при што од касата одзел 70.000 денари, а потоа со ПМВ„Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, го напуштил местото на настанот. Од страна на полициски службеници, наведеното ПМВ е пронајдено и лицата кои биле затекнати во истото се приведени во ПС„Центар“, а возилото е пренесено во кругот на БПС.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
21.02.2016 - 13:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа