Битолско: Го претепал до смрт
80 годишен старец почина откако бил претепан од негов соселанец.
Полицијата денес соопштува дека 80 годишниот жител на битолското село Маково вчера околу 14 часот бил физички нападнат од соселанецот Р.Р. (52).
Поради тешките повреди во пределот на главата со возило на Итна медицинска помош, Р.С. бил пренесен во битолскиот Клинички центар, каде околу 16 часот им подлегнал на повредите.
Полицијата го привела напаѓачот и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
22.02.2016 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа