Тетово: Кривична за гинекологот за смртта на родилката
Тетовското обвинителство поднесе обвинение против гинеколог од Клиничката болница за смртта на родилката која почина во август минатата година.
Според обвинителството, при вршење на царски рез врз пациентка, гинекологот не ги презел сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, а кои во конкретниот случај биле многу веројатни.
По настанато крвавење, лекарот веднаш не извршил медицинска интервенција со што можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку истата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена. Поради задоцнетото реагирање, пациентката западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала.
„Поради горе наведеното, по прибирање на сите материјални и вербални докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово го поднесе обвинението и во исто време до Основниот суд – Тетово достави и предлог на обвинетиот да му се изрече и споредна казна – Забрана за вршење професија – лекар“, соопштуваат од Обвинителството
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа