Алфите го фатија: Млад скопјанец ќе одговара пред полицијата

22-годишно момче од Скопје си заработи кривична бидејќи неговиот автомобил бил полн со дрога. Се работи за Е.Ш. кој од специјалната единица Алфа околу 09 часот и 30 минути, во селото Визбегово бил сопрено со „Форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенцијата СГС, каде имало две кесички со непозната растителна материја и една зипер кесичка со непозната прашкаста материја. Се покажало дека се работи за амфетамин и марихауана кои му припаѓале на скопјанецот.

Инаку против Е.Ш. во 2009 година била поднесена една кривична пријава за извршено кривично дело „тешка кражба“.

 

 

                                    

 
 
26.02.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега