Млад стружанец се бори за живот на Токсикологија
Вчера во Полициската станица-Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар, било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице, кое било во неконтактибилна состојба.
Се работи за 33-годишниот М.С. од Струга.
Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Одделот за токсикологија на скопскиот Клинички центар, каде е задржан за понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
27.02.2016 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа