Згасна млад живот: Познат идентитетот на жртвите во Струмица

Страшна сообраќајка утрово во 6 часот и 10 минути ја разбуди Македонија. На патот Струмица-Радовиш, меѓу селата Владевци и Радичево загинаа две лица, а едно се бори за живот. Според полициските информации, едната жртва е 25-годишниот Александар А. од штипското село Карбинци, кој патувал во патничкото возило, а втората жртва е 72-годишната Павлина Г. од село Раброво, која била сопатник во камионот, објави „Телеграф“.

Сообраќајката се случила кога се судриле патничко моторно возило „Венто“ со штипски регистарски таблички управувано од Т.Г. (46) и товарно моторно возило „Мерцедес“ со велешки регистерски таблички управувано од М.М. (33), пишува порталот.

Возачот на патничкото возило „Венто“ со тешки телесни повреди е пренесен на хируршкото одделение во болницата во Струмица.

 
 
27.02.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега