Полицијата со детали за хоророт во Тетово

Крвава драма се одвивала синоќа во Ттеово. Околу 19 часот и 40 минути во Клиниката во Тетово било донесено 13-годишно девојче од селото Милетино, со убодна рана во стомакот. Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено итно на Ургентен. Полицијата информира дека по разговорот со девојчето било констатирано дека таа била нападната од четири малолетни лица, меѓу кои и 12-годишно момче од тетовското село Желино, кој ја прободел со остар предмет.

По извршениот разговор со момчето во присуство на родител, тоа на полицијата и раскажало дека девојчето го удрило со клоца, по што тој земал нож и ја прободел, па избегал од местото на настанот.

Полицијата работи на расветлување на крвавиот настан.

 
 
28.02.2016 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега